Да се провери дали Ковачевски пред настапот на трибината, бил на вински саем. Зошто ако не бил, немаше да кажува глупоости, дека откако тој е премиер, платата скокнала на чудесни 630 евра, на портите сме пред рајот и дека новото нормално е блаженството, кое секој сака да го достигне со СДС, реагира ВМРО-ДПМНЕ на настапот на Ковачевски во Кочани каде изјави дека СДСМ вратил 2,6 милијарди евра кај граѓаните, а просечната плата се зголемила на 630 евра или 270 евра повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено со што Ковачевски порасна, покрај криминалот е инфлацијата, цените на производите и сиромаштијата.

Во Македонија до крајот на оваа 2023-та година, веќе ќе има 600 илјади граѓани, кои ќе живеат во сиромаштија, со 150 денари на ден, што е секој трет човек во државата, а таа бројка пред само неколку години била 360 илјади граѓани.

Со само 80 денари на ден, преживуваат 80 илјади луѓе. Ова се поразителни и катастрофални бројки и факт е дека никогаш не било полошо.

Затоа, важно е да бидат поразени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.