Во изминатите 24 часа регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19, починале 17 лица, а оздравеле 339 пациенти.
Дополнително во „Мој термин“ пријавени се уште три починати лица во периодот од 12 до 22 септември, соопшти
Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19, и тоа во Скопје – 180, Куманово – 32, Кавадарци – 20, Битола – 18, Кочани – 17, Прилеп и Велес – по 16, Кичево – 14, Тетово, Охрид и Штип – по 11, Гевгелија и Крива Паланка – по седум, Кратово – шест, Радовиш и Валандово – по четири, Ресен и Пробиштип – по три, Гостивар, Струмица, Делчево и Виница – по двајца, Неготино, Дебар, Берово и Демир Капија – по еден.
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица. Од нив осум починати се од Скопје (98г, 82г, 79г, 79г, 79г, 74г, 69г и 69г), двајца од Кочани (89г и 82г) и по едно починато лице од Гостивар (80г), Тетово (46г), Велес (78г), Радовиш (68г), Штип (66г), Битола (86г) и Валандово (85г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште три лица, со датум на смрт во период од 12.09.2021 до 22.09.2021 година. Овие починати лица се: две од Скопје и едно починато лице од Гостивар. Починатите се на возраст од 67 до 93 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите две лица се починати во домашни услови, посочуваат во соопштението од Министерството за здравство.
Регистрирани сe 339 оздравени пациенти – од Скопје – 195, Тетово – 16, Велес и Струмица – по 14, Кавадарци и Радовиш – по 11, Кочани и Прилеп – по девет, Кичево – осум, Гостивар – седум, Штип и Свети Николе – по шест, Ресен и Неготино – по пет, Битола – четири, Гевгелија, Берово и Македонски Брод – по три, Куманово, Валандово и Пробиштип – по двајца, Виница, Дебар, Богданци и Пехчево – по еден
Досега во земјата се направени вкупно 1 274 003 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189 551 бројката на оздравени пациенти е 170 734, на починати е 6577, а бројот на активни случаи изнесува 12 240
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 82 360, Активни 5689
Куманово 11 230, Активни 967
Тетово 10 792, Активни 945
Прилеп 8989, Активни 304
Гостивар 7947, Активни 490
Битола 7030, Активни 284
Велес 6130, Активни 312
Охрид 5891, Активни 502
Кавадарци 5829, Активни 222
Струмица 5672, Активни 310
Штип 5647, Активни 250
Кичево 3931, Активни 417
Струга 3773, Активни 364
Кочани 3195, Активни 139
Гевгелија 2389, Активни 85
Неготино 2305, Активни 41
Свети Николе 1862, Активни 111
Ресен 1527, Активни 102
Радовиш 1500, Активни 101
Дебар 1446, Активни 123
Крива Паланка 1395, Активни 85
Берово 1206, Активни 33
Делчево 1115, Активни 68
Виница 1020, Активни 52
Пробиштип 907, Активни 46
Валандово 806, Активни 37
Богданци 544, Активни 11
Кратово 549, Активни 57
Крушево 518, Активни 14
Македонски Брод 463, Активни 28
Демир Хисар 431, Активни 19
Демир Капија 409, Активни 7
Пехчево 310, Активни 5
Македонска Каменица 294, Активни 19
Дојран 139, Активни 1