Зоран Милески-Кичеец дал изјава во полициската станица Карпош за сите објавени аудио-снимки на социјалните мрежи каде наводно се слуша неговиот глас.
– Од страна на МВР на лицето З.М. му беше доставена покана да се јави на информативен разговор денеска во полициската станица Карпош, по член 276 од ЗКП,а во врска со објавени аудио снимки на социјалните мрежи. З.М. денеска дојде во ПС Карпош заедно со својот адвокат и врз основа на неговиот исказ ќе биде сочинето известување до ОЈО, соопштија од МВР за МИА.
Имено, во текот на изминатите денови на социјалните мрежи беа објавени аудио видеа, кои наводно се снимени разговори меѓу Кичеец и политичари, како и видни личности.