Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, од полноќ се зголемуваат за еден односно 1,5 денари од литар, а еуродизел (Д-Е V) поскапува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Литар еуроспупер БС-95 ќе се продава за 74,50, еуросупер БС-98 за 76,50, а еуродизел (Д-Е V) за 69,00 денари.

За 2,5 денари поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе чини 58,00 ден/лит.

Се зголемува и цената на мазутот М-1 НС за 2,659 денари и еден килограм ќе се продава за 38,409 денари.

Регулаторната комисија го образложува поскапувањето на горивата со зголемување на  просечната цена на суровата нафта за 4,74 отсто во изминатите две недели.