Наспроти нагласената употреба на „северна“ во името на Република Македонија, од новите мапи се брише придавката Македонски пред Брод и Македонска пред Каменица.
Во новата мапа на Република Македонија на компанијата Макпетрол, со ознаки на нивните бензиски станици, пред Каменица и Брод е избришана придавката Македонска, односно Македонски.
Според Преспанскиот договор не треба да се менуваат имињата на овие два града, а кога Зоран Заев и владејачката СДСМ го промовираа овој договор, потенцираа дека „македонски“ е забетониран.