На новите ознаки на министерствата, по вметнувањето на придавката Северна, на нив сосема се изгуби Македонија.

Новите ознаки на министерствата, како што е објавено на социјалните мрежи, се на македонски и на албански јазик, но никаде не го пишува името на државата, односно Република Македонија.

На нив на македонски и албански пипшува, на пример, Министерство за надворешни работи, но не и на која држава. Истото е случај и со министерствата за одбрана, за здравство, за животна средина…