Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.576.496 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 93.575, а оздравеле 348.188 луѓе.

– Шведска втор ден по ред има рекорден број на починати, а вкупниот број на смртни случаи е 792. Бројот на заразени се зголеми на 9.141, a 719 луѓе се на интензивна нега.

– Бројот на починати од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се зголеми за 96 на 908 жртви. Вкупниот број на заразени изнесува 42.282, а оздравеле 2.142 луѓе.

– Бројот на починати во Италија денеска се зголеми за 610 на вкупно 18.279, соопшти италијанската агенција за цивилна заштита. Бројот на новозаразени се зголеми за 4.204 на вкупно 143.626. Излекувани се 28.470 луѓе.

– Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо изјави дека се хоспитализирани 200 лица, што е најмал број од почетокот на епидемијата. Во исто време, за 24 часа починале 799 луѓе што е нов рекорд во бројот на смртни случаи за еден ден.

– Во Црна Гора од претпладне не е регистриран ниту еден нов случај на зараза.

– Унгарската Влада го продолжи на неодредено ограничувањето на движењето на луѓето што беше воведено пред две недели.

– Вo Велика Британија се регистрирани нови 881 смртни случаи, со што вкупниот број на починати од вирусот во земјата достигна 7.978. Вкупно се заразени 65.077 луѓе.

– Во Холандија во последните 24 часа се регистрирани над 1.200 нови случаи на заразени и 123 починати. До моментов во земјата починале 2.396 лица од вкупно 21.762 заразени.

– Бројот на луѓе кои патуваат со авион се намалил за 96 проценти, јави Си-Ен-Ен.