Граѓани на Подгорица, незадоволни од усвоенот Закон за верски слободи со кој на СПЦ и се одземаат храмовите, блокирале вечерва пат во населбата Зета и ја каменувале полицијата, повредувајќи четири полицајци, јавуваат црногорските медиуми.
Граѓаните пресекле бор и со дрвото го блокирале патот кон аеродромот по што интервенирала полицијата која фрлила солзавец и откако граѓаните и возвратиле со новогодишни реквизити, почнала да се повлекува.
Некои српски медиуми објавија дека полцијата го опколила храмот на Исусовото восресение и сакал да влезе внатре зашто таму се повлекле демонстранти.
Инаку, српски објавува изјава на патријархот Вартоломеј кој рекол дека „никогаш нема да ја признае црногорската црква“.