Министерството за внатрешни работи треба да почне со издавање нови регистерски таблички, во рок од четири месеци. Во меѓувреме, како преодно решение, МВР ќе обезбеди налепници со ознака ‘NMK” за регистерските таблички на возилата.

МВР треба да преземе и мерки и активности за спроведување на решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање нови патни исправи. Издавањето нови пасоши треба да започне од крајот на 2019 година. Во преодниот период, МВР при излез од или влез во Република Северна Македонија, во постојните и новоиздадените во преодниот период патни исправи ќе става печат кој ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република Северна Македонија.