Во Касерин и уште два града во Тунис се случија судири меѓу младите и полицијата. Немирите избувнаа откако во понеделникот новинар се самозапали во знак на протест против невработеноста и влошувањето на економската ситуација во Касерин.

-Во името на синовите на Касерин, кои немаат средства да се прехранат, денеска ќе започна револуција, ќе се запалам, ијзави 34-годишниот новинар Абдел Разак Зоргуи во видеото, кое го објави 20 минути пред да се самозапали во градот Касерин. Тој почина од неговите рани, а револтирани млади луѓе излегоа во центарот на градот, каде што плаеа гуми.

Касерин беше меѓу првите градови, во кои избувнаа демонстрации во декември 2010 година, поттикнати од самозапалување на еден млад трговец, што доведе до соборување на режимот на Бен Али и Арапската пролет во други земји.

Економските проблеми во Тунис остануваат, а сегашните протести се зголемуваат. Сојузот на новинари на Тунис објави национален штрајк на 14 јануари – денот на револуцијата во 2011 година.