Миле Зечевиќ е победник во внатрепартиската битка во СДСМ, нов директор на АНБ е Зарко Милошевски.
Иако функцијата во АНБ треба да биде во рацете на непартиски човек, според информациите на Алфа, на местото на Виктор Димовски доаѓа и тоа како познат човек во СДСМ. Зарко е брат на Томе Милошевски, човек кој своевремено важеше за десна рака на Бранко Црвенковски во делот на безбедноста, а бил и помошник министер во МВР за обезбедување на ВИП личности и објекти.
И другиот брат на новиот директор на АНБ е функционер на СДСМ. Милан Милошевски 2003-та година од тогашниот премиер Црвенковски бил поставен за директор на ГТЦ, а во исто време бил и заменик претседател на управниот одборна клинички центар и член на надзорниот одбор во Македонски Железници.
Ова се толкува и какопобеда на скопското крило на СДСМ наспроти „селското“ крило предводено од Заев.