Новиот хрватски европарламентарец Ладислав Илчиќ вчера изјавил дека законот со кој се забранува хомосексуална содржина за малолетници е внатрешна работа на Унгарија, а не работа на „црвените или либералите“ од Европскиот парламент.
Илчиќ ја потпишал Резолуцијата на Европските конзервативци и реформисти и застапниците на партијата ФИДЕС на Виктор Орбан со која се истакнува дека унгарскиот закон спаѓа во надлежност на националната држава, а не во надлежност на ЕУ.
Наспроти ова, претставниците на народните партии, зелените, либералите и левицата предложија своја Резолуција со која се осудува унгарскиот закон.
Но, Илчиќ рекол за ХИНА:
-Надлежностите на ЕУ се јасно одредени. За тие работи одлучуваат националните држави. А унгарскиот народ на демократски избори избра свои претставници кои треба да одлучуваат за нивната судбина. Не ги избра ни црвените, ни зелените или либералите од ЕП да одлучуваат за нивната судбина – додал тој.
Илчиќ смета дека врз Унгарија се врши „неприфатлив притисок во сорботка со невладините организации кои сакаат својата идеологија да и ја наметнат на Унгарија и на унгарското општество“