На пленарната седница закажана за 21 мај се очекува на дневен ред да се најдат измените на Изборниот законик кои влегоа во собраниска процедура и кои ќе се носат по скратена постапка. Овие измени се усогласени од пратениците од владејачкато мнозинство и опозицијата, а како нивни предлагачи се координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, на ДУИ Ејуп Алими и Африм Гаши од БЕСА, јави МИА.
Со овие измени се уредува изборот и составот на Државната изборна комисија (ДИК), престанок на функцијата во ДИК пред истекот на мандатот и рокот за предлагање на претседател, потпретседател и членови на ДИК.
Парламентарните политички партии, претходно, постигнаа согласност за ова решение кое ќе биде преодно до следните измени на Изборниот законик што би се очекувале наесен. Во однос на составот на ДИК се предлага таа да биде составена од претседател, потпретседател и пет члена. Претседателот и потпретседателот на Комисијата се предлага да се избираат од членовите на ДИК кои функцијата ќе ја вршат професионално.
Според овие измени, се предвидува членовите на ДИК да се изберат во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на овој закон за време од шест месеци.
Освен претседателот и потпретседателот на ДИК, се предвидува седница да може да се одржи на предлог на член на комисијата ако предлогот е поддржан од мнозинството од вкупниот број членови на ДИК. Со измените на Изборниот законик се менува и членот 27 односно условите за избор на претседател, потпретседател и членови на ДИК. Според предлогот, лицето кое ќе биде избрано за член на Комисијата треба да е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да има завршено високо образование со најмалку осум години работно искуство и да не е член на орган на политичка партија.
Собранието треба да го огласи изборот на претседател, потпретседател и членови на ДИК во Службен весник и во дневниот печат. Огласот трае осум дена од денот на објавување во Службен весник. Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата треба да подготви предлог листа. Во измените се предвидува од кандидатите на предлогот на листата, политичките партии во опозиција да предложат претседател и двајца членови на ДИК, а партиите на власт да предложат потпретседател и тројца членови.
Претседателот, потпретседателот и членовите на ДИК ќе ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Се предвидува исто така на избраните претседател, потпретседател и членови на Комисијата од денот на изборот работниот однос да им мирува.
Функцијата на избраните членови на ДИК пред истекот на мандатот може да им престане, по сила на закон, на нивно лично барање, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, поради исполнување услови на старосна пензија утврдени со закон, поради смрт, и ако е осуден со правосилна судска одлука на казна затвор над шест месеци.
Се предвидува ДИК со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови да може да даде предлог до Комисијата за прашање на изборите и именувањата на Собранието за разрешување на нејзин член поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Претседателот на Собранието ги известува партиите што освоиле најмногу гласови на последните избори во рок од три дена од денот на приемот на известувањето да му достават предлог за членови на ДИК.
Собранието го огласува изборот на претседателот, потпретседателот и членовите на ДИК во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на законот. ДИК сега има само еден член, и тоа Ермира Асани – Салија на предлог на Беса, по оставките на друготе членови на Комисијата по сканалот со високите хонорари. Со измените на Изборниот законик се предвидува на Асани Салија да и престане мандатот со нивното стапување во сила, додека генералниот секретар на ДИК ќе ја извршува функцијата до изборот на нов