Шестиот пакет на мерки на Заев нема да им помогне на затворените 6.200 компании и над 60.000 граѓани кои останаа без работа, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ за новиот пакет-мерки на Владата на Зоран Заев.
-Шестиот пакет на мерки на СДСМ се потценувачки за граѓаните и стопанството. Со шестиот пакет на мерки власта докажа дека нема слух за потребите и барањата граѓаните и стопанството. Поради лошите економски политики секој ден се затвараат по 10-тина фирми, досега Заев затвори околу 6.200 компании. Во ек на пандемија над 60 илјади луѓе останаа без работа, а околу 55 илјади граѓани не ги земале своите заработени плати. Ова е најнеспособната економска влада во Република Македонија. Со Зоран Заев и СДСМ, Македонија доби само уназадување во секое поле. Владата на Заев не е насочена кон спас на економијата, туку единствено кон лично богатење, корупција и криминал, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.