Благица НОВКОВСКА, поранешпен директор на Заводот за статистика
Беше неколку пати спомнато дека Македонија не е сиромашна земја. Јас се согласувам. Македонија не е сиромашна земја, македонскиот народ е сиромашен. И се поставува прашањето: а кој е сиромашен, колку е сиромашен, колку е длабока сиромаштијата.
За жал, ќе кажам, бидејќи и за тоа сум експерт, дека ние се почесто зборуваме не за сиромаштија, туку за беда. И беше спомнато дека не сме толку сиромашни затоа што имаме огромен фонд на станбени единици, имаме огромомен фонд на земја, а таа е во 80 или 90 проценти на населението. Но јас тука би додала: да, можеби не сме толку сиромашни, но сме нееднакви.
Заборавате дека можеби многу поважно од сиромаштијата е да ја измерите нееднаквоста. А за жал во Македонија е огромен распонот, огромна е нееднаквоста, само во 4-5 проценти, а сега можеби тој распон се зголемува, е сконцентрирано се!