Ново сведоштво за притисоците и уцените на власта предводена од СДС и ДУИ кон правосудството, како и ново сведоштво за политичкиот прогон што се водеше кон поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостување на поткаст на една од социјалните мрежи сведочи дека откога одбил да донесе мислење за одреден случај како тогашен судија, за кој според него немало никаква основа да се донесе позитивно мислење, утредента, поради непостапувањето, бил разрешен, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Имено, станува збор за случајот во кој поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која, според Катевеновски, била осудена поради политички причини, а не правни последици.

Катевеновски вели дека во 2019 година го добил случајот од поранешното СЈО за кој требало да даде мислење, но, како што вели тој, немало никаква правна можност ниту, пак, некакво кривично дело за да даде позитивно мислење за случајот.

Тој оставил време да се разговара за судскиот случај со колегите затоа што не сакал да избрза со одлуката, па не му останало многу време, туку веќе утредента Судскиот совет го разрешува Катевеновски.

Тој за неговото разрешување ја посочува директно тогашната влада на СДС и ДУИ.

Секојдневно се зголемува бројот на луѓе што сведочат за притисоците кон правосудството во Македонија. По Лејла Кадриу, сега и поранешен врховен судија отворено говори за начинот на кој СДС и ДУИ, на чело со Зоран Заев и Али Ахмети, раководеа со државата.

Закани, уцени и притисоци. Ако си против нив – или те разрешуваат или те пикаат во затвор. Ова не смее да продолжи, реформите продолжуваат, а одговорност ќе има!