Бугарското Министерство за надворешни работи побара од Москва да отповика дипломат од руската амбасада во Софија, бидејќи обвинителството во таа земја до сомничи за шпионажа.
Станува збор за првиот секретар на руската амбасада, кој, како што тврди бугарското обвинителство, веќе една година се занимава со шпионажа.
Бугарското МНР соопшти дека во петокот одржало состанок со рускиот амбасадот, откако од обвинителството и такните служби добило информации за сомнителни активности на дипломатот.
Министерството веднаш побарало дипломатот до вечерва да биде отповикан и да ја напушти Бугарија, што било спроведено.
Кривичната постапка против рускиот државјанин во Софија е прекината поради неговиот дипломатски имунитет, иако обвинителството имало доволно докази за обвинение.
Руското МНР се уште нема коментар за случувањето.
Претходно денеска во Полска е уапсено едно лице за кое постои сомнеж дека се занимавало со шпионажа во корист на Москва, изјави портпаролот на полската полициска специјална служба Станислав Зарин.
– Извршен е претрес, по што лицето е обвинето и за илегално поседување оружје и користење лажни документи, истакна Зарин.
Истражните органи, според него, успеале да соберат докази дека Пјотр С. соработувал со руските разузнавачки служби. На него му е одреден тримесечен притвор.