Рударите од два јагленокопа – Паросени и Урикани денеска почнаа протест, а сто од нив се затворија под земја и се заканија дека ќе почнат штрајк со глад. Протестот е поради најавата за затворање на рудниците на почетокот од следната година.

Рударите бараат и продолжување на Правилникот со кој се гарантира исплата на компензација и двогодишен работен стаж за рударите кои во меѓувреме исполнија услови за пензија.

Правилникот гарантира и вработување на рударите кои не се пензионирани во рудниците на Енергетскиот комплекс Хунедоара.