Нов златен медал за најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски во период од еден месец и уште еден важен чекор кон исполнување норма за учество на Олимписките игри во Париз идната година.
Георгиевски во категоријата над 87 кг озвои златен медал на „Загреб опен Г1“ во Хрватска.
Во првата борба Македонецот запиша победа против италијанскиот натпреварувач Марко Насо (2:0).
Потоа, во полуфиналето триумфираше против Бразилецот Патрик Переира Кардосо (2:1).
А во финалниот меч Георгиевски имаше фуриозна победа над Брајан Зондероп од Холандија (2:0).
Во октомври Георгиевски го освои златниот медал на Г1 „Тирана Опен“ во Албанија.