Пејач со микрофон, зурли, тапани, етно група, трепеза со храна и пијалаци. Ваква била вчера атмосферата во затворот во Тетово, објави ТВ Канал 5..

Овие видео снимки на социјалните мрежи ги објавува вд директорот Ќефали Хевзиу, на кои се гледа како тој заедено со осудениците се дружат и веселат во дворот на затворот кој е новогодишно украсен.. Хевзиу на објавите наведува дека забавата била посветена на крајот на успешата година како почит кон затворениците за нивното примерно однесување, за што на дел им биле доделени и благодарници за особен придонес во затворот.

Хевзију во изјава за Канал 5 вели дека за организација на веселбата претходно добиле одобрение од Управата за извршување на санкциите,а целта на ваквиот вид на настани е дел од процесот на ресоцијализација на затворениците…Видеата кој ги објавува вели не се со цел рекламирање на затворот, туку да се утешат членовите на семејствата

-Истакнуваме дека ова не ее единствена културно уметничка атквиност реализирана во нашата установа имено осудените лица посетуваат настани реализирани во Културниот дом во Тетово, следат фудбалски натпревари, долгометражни филмови и други активности се со цел организирање на слободното време.

И директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стефановиќ вели дека станува збор за нормална работа што се случува во затворските установи.. Настанот вели бил организиран според прописите и сандардите, а освен ваков тип на веселби во затворите вели се организираат и концерти, тетатарски престави, филмски проекции и друг вид на настани.

Летото од тетовскиот затвор беа објавени фотографии на кои се гледа како затворениците се капат во базен на топлото време.

Извор: ТВ Канал 5

https://denesen.mk/video-so-pesni-i-ora-na-robija-vo-tetovo-zatvorenicite-so-so-pejach-koka-kola-i-pesni-ja-odlezuvaat-kaznata-vo-tetovskiot-zatvor/