Се чини коронавирусот мутирал и станал попренослив, покажа новата американска студија, веројатно како одговор на човечки интервенции – како што е социјалното отуѓување.

Новото истражување на научниците во Хјустон не открило дека мутациите го направиле вирусот поубиствен.

Студијата испитала повеќе од 5.000 генетски секвенци на вирусот, заклучувајќи дека една од многуте мутации на коронавирусот акумулирала промени во структурата на протеините на површината на вирусот.

Сите вируси мутираат и повеќето од овие случајни промени во генетскиот редослед се незначителни, затоа по мутацијата не е пронајдена разлика во тежината на болеста.

Теоретски, научниците веруваат дека еволутивниот тренд на вирусот поттикнал зголемување на стапката на инфекција и намалување на сериозноста на симптомите, бидејќи на вирусите им требаат живи домаќини за да преживеат.

Дејвид Моренс, вирусолог од Националниот институт за алергија и заразни болести, ја прегледа новата студија и рече дека наодите укажуваат на голема можност вирусот, додека се движел низ популацијата, да станал позаразен, што може да има последици врз нашата способност да го контролираме.

Постариот советник на Фаучи вели дека ова може да биде реакција на вирусот на човечките интервенции, вклучувајќи маски и социјална дистанца, кои се развиени од почетокот на пандемијата, со цел да се запре нејзиното ширење.

А, Џејмс Масер, главниот автор на студијата, вели дека „на овој вирус му дадовме многу шанси, како и дека во моментов има огромна популација на коронавируси во светот“.

Можно е овој вирус, кога нашиот имунитет на ниво на популација ќе стане доволно висок, да најде начин да го заобиколи нашиот имунитет. Ако се случи тоа, ќе бевме во иста ситуација како и со грипот. Ќе мора постојано да бркаме мутации и соодветно да ја менуваме формулацијата на вакцината“, објаснува Моренс.

На „Хјустон методис“, кој е дел од Медицинскиот центар во Тексас, научниците направија секвенцирање на геномот од 30.000 примероци на коронавирусот од почетокот на март, кога се верува дека вирусот првпат пристигнал во град со 7 милиони жители.

Истражувањата покажуваат дека вирусот се проширил во предградијата на Хјустон во два бранови, најпрво ги погодил побогатите и постарите лица, а потоа се проширил на помладите и населбите со пониски примања во вториот бран.

Во исто време, додека вирусот се ширел низ градот, тој составил цел каталог на мутации.