Маските нема да бидат задолжителни на отворено од 1 јуни, дознава од свои извори порталот Локално.
Епидемиолошката состојба во земјава се подобува, бројот на новозаразени лица и хоспитализирани се намалува, па оттука Комисијата за заразни болести најверојатно ќе предложи укинување на оваа мерка.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани.