НУХИУ: Албански и на полициските униформи!

/ 10.08.2020

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу  на Фејсбук објави дека биле потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои ќе биде испишан и албанскиот јазик на симболите.

– Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)!“, напиша Нухиу на Фејсбук.

Нухиу го наследи Наќе Чулев на чело на МВР откако на Чулев му истече мандатот според договорот за техничка Влада, а претходно повеќе години министер беше Оливер Спасовски.

 


Од истата категорија