Секој работен ден физичките и правните лица можат преку еколинијата 070/236 000 да пријават електричен и електронскиот отпад и правилно да се ослободат од него.
Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ соопшти дека електричниот и електронскиот отпад делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на луѓето и воопшто на квалитетот на животната средина.
„Нула Отпад“ ги охрабрува граѓаните и фирмите да користат еколинија како бесплатен и безбеден сервис за правилно одложување на овој тип на отпад со цел зголемена заштита на животната средина.
Сите правни субјекти по подигнувањето на отпадот од страна на „Нула отпад“ ги добиваат сите потребни документи согласно Законот за управување со отпад, со кои можат материјално и сметководствено да ги отпишат своите електронски и електрични уреди.