Град Скопје нема да толерира непрописно паркирање ни за дипломатските возила, соопшти денеска градската администрација на градоначалникот Петре Шилегов.
– Градот Скопје ги информираше сите претставништва на странски држави во нашата земја дека своите службени возила треба да ги паркираат исклучиво на предвидените паркинг-места во градот, а во спротивно, возилата со дипломатски таблички ќе имаат ист третман од ЈП „Градски паркинг“ како и сите други непрописно паркирани возила. Во изминатиов период, градоначалникот на Град Скопје неколкупати писмено се обраќаше до амбасадите кои не ги почитуваат прописите за паркирање со потсетување дека своите службени возила треба да ги паркираат на површини означени како паркиралишта, објавено е во соопштението на Фејсбук.
Сооопштението од администрацијата на Шилегов е остро и според народната: Ни по партиски баби, ни по дипломатски стриковци!