Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во „10 минути“ на ТВ21 посочи дека инвертер климите не се решение за загадување на воздухот.
Тој додава дека треба да се размисли од каде доаѓа електричната енергија бидејчи инвертерите ја користат.
„Треба да размислиме од каде доаѓа електричната енергија, бидејќи инвертерите користат електрична енергија, тие се секако поефикасни, но исто така треба да разгледаме колку енергија генерира централата во Битола, бидејќи централата во Битола користи јаглен, еден од најголемите загадувачи на нашата земја“, посочи Нуредини за ТВ21.