Џим О’Брајан, заменик државен секретар на САД за Европа и Евроазија, му посака целосно закрепнување на Леонид Волков, руски опозициски активист и близок сорабтник на починатиот опозициски лидер Алексеј Навални.
-Пожелувам целосно закрепнување на Леонид Волков. Неговата храброст, посветеност и активизам за демократска Русија се инспирација. Нападот врз него беше брутален и за осуда, напиша О’Брајан на Х (поранешен Твитер).
Волков неделава беше сурово нападнат од двајца насилници пред својот дом во Вилнус, каде живее откако тој и неговте соработници од Фондот за борба со корупцијата на Навални беа принудени да заминат од Русија. А по заканите од руските власти со прогон и апсење откако фондот беше прогласен за екстремистичка организација.
Фото: МИА архива