Агенцијата на Обединети нации за миграција денеска соопшти дека во просек секој ден едно мигрантско дете го губи животот или исчезнува на опасните патувања преку Медитеранот или на американско-мексиканската граница.
Во последниот извештај „Фатални патување“ Меѓународната организација за миграција (ИОМ) објави дека околу 1.600 деца, меѓу кои и бебиња од шест месеци, загинале или исчезнале на опасните патувања од 2014 година.
Медитеранот и понатаму е најсмртоносна мигрантска рута со 17.900 загинати луѓе, од кои многумина тргнале на опасно патување од Либија до Италија.