ФБИ соопшти дека поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп бил предмет на „очигледен обид за убиство“ во неговиот голф клуб во Флорида.
Белата куќа по инцидентот објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден и потпретседателката Камала Харис биле информирани за безбедносниот инцидент на меѓународниот терен за голф Трамп, каде поранешниот претседател Трамп играл голф.
„Почувствуваа олеснување кога дознаа дека е безбеден. Нивниот тим редовно ќе ги информира за ситуацијата“, соопшти Белата куќа.
Тајната служба го одведе поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп на безбедно, откако агенти отворија оган врз маж кој бил забележан со нешто што можеби било пиштол додека поранешниот претседател бил на теренот за голф, рекоа извори од полицијата за Пост.
Пукањето се случува по околу два месеци откако Томас Метју Крукс пукаше врз Трамп на митинг во Батлер, Пенсилванија на 13 јули, при што му го повреди увото.
Шерифот на округот Палм Бич, Рик Бредшо, денеска изјави дека човекот кој ја вперил пушката низ оградата на теренот за голф на Трамп имал нишан, ранец и GoPro камера, пренесува АП.
Бредшо рече дека агент на Тајната служба успеал да забележи цевка од пушка со копче што излегува од оградата во голф-клубот на Трамп во Вест Палм Бич, објави Си-Ен-Ен.
Осомничениот бил на оддалеченост од 300 до 500 метри од поранешниот претседател Доналд Трамп, изјави официјалниот претставник.
Според Бредшо, агент на Тајната служба забележал пушка како излегува од оградата и отворил оган. Агентот испукал четири до шест куршуми, изјави претставник на Тајната служба.
Осомничениот потоа побегнал, но по кратко време бил фатен.
Бредшо рече дека работите на осомничениот се обработуваат. Очевидец го видел осомничениот како бега од грмушките и го фотографирал неговото возило што довело до апсење на осомничениот.
Човекот приведен по пукањето кај Трамп бил „релативно мирен“ кога бил приведен, изјави шерифот на округот Мартин, Вилијам Д. Снајдер.
Човекот приведен по пукањето кон Трамп бил „релативно мирен“ кога бил приведен, изјави шерифот на округот Мартин, Вилијам Д. Снајдер.
„Не покажуваше многу емоции. Не праша: „За што се работи?“, изјави Снајдер.
Тој рече дека неговата агенција „го преплавила“ меѓународниот пат 95 и затворила голем дел од автопатот пред на крајот безбедно да го запре сомнителното возило.