Трамп вечерва објави интересен постер на Твитер и на Инстаграм.

Претседателот на САД Доналд Трамп објави интересна фотографија на социјалните мрежи на која се претставува како популарниот филмски херој „Роки Балбоа“.

Од доаѓањето на функцијата во Белата куќа, Трамп активно ги користи социјалните мрежи како алатка за комуникација со јавноста, а честопати привлекуваше внимание и со неочекувани објави.

Вечерва Трамп објави на Твитер и Инстаграм интересен постер на „Роки Балбоа“ со шампионски појас околу половината и на телото монтирал своја глава.

Бројни корисници на социјални медиуми го коментираа објавувањето на Трамп за неговиот лик во телото на филмскиот херој, кој своевремено го толкуваше актерот Силвестер Сталоне.