Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во денешната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад. Меѓу жртвите наведени во извештаите е и Васко Саздовски од Македонија.
Во соопштението на српското обвинителство од попладнево, во кое се наведени иницијалите на загинатите, се наоѓаат и иницијалите С.В., со информацијата дека лицето е родено во 1979 година.
Досега се идентификувани седум од четиринаесетте жртви во несреќата. Ова е списокот кој го објавија медиумите вечерва:
Васко Саздовски од Македонија; Анѓела Руман (20) од Стара Пазова; Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ; Стефан Хрка (27) од Белград; Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин); Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево и Вукашин Раковиќ (69) од Буковац.