Едно лице загина во авион од Лондон за Сингапур поради силни турбуленции, а неколку лица се повредени, јавува Би-би-си. Локалните медиуми информираат дека повеќе од 20 се повредени.

Авионот полетал во 22.38 часот по Обединетото Кралство, но морало да се пренасочи кон главниот град на Тајланд, а слетал во 15.45 часот по локално време (9.45 часот по Обединетото Кралство) во вторникот. Леташе на височина од 37.000 стапки (11.280 метри) пред да падне на височина од 6.000 стапки (1.830 метри) за речиси три минути, покажуваат записите на летот.

„Сингапур ерлајнс“ објави дека летот SQ321, кој летал од Лондон, „Хитроу“, до Сингапур, наишол на сериозни турбуленции.

„Можеме да потврдиме дека има повредени и еден смртен случај во „боингот 777-300 ер“. Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 члена на екипажот. „Сингапур ерлајнс“ изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопшти компанијата.

Тие додадоа дека „соработуваат со локалните власти на Тајланд за да им ја дадат потребната медицинска помош на повредените“ и испраќаат тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.

Авионот полетал во 22.38 часот по Обединетото Кралство, но морало да се пренасочи кон главниот град на Тајланд, а слетал во 15.45 часот по локално време (9.45 часот по Обединетото Кралство) во вторникот. Леташе на височина од 37.000 стапки (11.280 метри) пред да падне на височина од 6.000 стапки (1.830 метри) за речиси три минути, покажуваат записите на летот.

Тајландските власти испратија дополнителни амбулантни возила и екипи за итни случаи на аеродромот „Суварнабхуми“. Сè уште не е јасно што точно се случило во авионот.

Турбуленциите не се невообичаени за време на летовите, но сериозни инциденти како овој се ретки.

„Постојат некои сугестии дека авионот удрил во воздушен џеб пред да мора да изврши итно слетување“, рече дописничката на „Скај њуз“ од Азија, Корделија Линч.

„Повредите предизвикани од тешки турбуленции се релативно ретки во контекст на милиони летови во светот. Сепак, тешките турбуленции може да бидат драматични и да доведат до сериозни повреди или, за жал, како во овој случај – смрт“, рече Џон Стрикленд“, експерт за воздухопловство, за Би-би-си.

Летечките екипи имаат ресурси да ги предвидат турбуленциите и се обучени да реагираат кога ќе се појават, рече Стрикленд. „Не бадијала компаниите препорачуваат безбедносните појаси да останат врзани за време на летот, било да е тоа долг или краток“, додаде тој.