Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на заложниците на Израел и Хамас сè уште се во мирување, изјави денеска портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед ал-Ансари.

Во врска со одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да побара налог за апсење на израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху, како и на тројцата лидери на Хамас, Ал Ансари рече дека е прерано да се коментира директно.

Тој сепак нагласи дека сите држави и организации, кои се виновни за смртта на цивилното население ,треба да сносат одговорност, пренесува „Ројтерс“.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, во понеделникот рече дека се поднесени налози за апсење на Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, под обвинение за „поттикнување истребување, поттикнување глад како метод на војна, вклучително и задржување хуманитарна помош и намерно таргетирање цивили во конфликтот“. Дополнително, судот побара апсење на лидерите на Хамас – Јахје Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије.

Тројцата се обвинети за „истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуален напад“.