Пред натпревар Англија – Шведска, атмосферата на Инстаграм дополнително ја загреа Златан Ибрахимовиќ кој му се обрати на Дејвид Бекам.
-Бекс, ако Англија победи ќе ти платам вечера во било кој дел на светот, а ако Шведска слави тогаш ти мораш да ми купиш што и да изберам од ИКЕА, напиша Ибрахимовиќ, кој не мораше да чека многу за да добие одговор од Бекам
-Ибра, ако Шведска победи лично те водам во ИКЕА да си купиш се што ти треба за новата вила во Лос Анџелес, но ако победи Англија ќе мораш да дојдеш со мене на натпревар на мојата репрезентација на „Вембли“ во дресот на Англија“.
Овој облог предизвика многу коментари на друштвените мрежи, а точка стави Ибра кој му порача на Бекам дека се договориле и дека облогот е во игра.