Англија се пласираше во полуфиналето на СП во Русија. Тимот ја елиминираше Шведска со 2:0 со головите на Хари Мегауер и Деле Али. Во полуфиналето ќе се сретне со победникот од средбата меѓу Хрватска и Русија. Тоа е прво полуфинале за Англичаните по 1990 година.