Обложувачници предвидуваат победа на британската премиерка Тереза Меј на гласањето за недоверба побарано од нејзината конзервативна партија чии 150 пратеници веќе јавно изразија поддршка по што зајакна фунтата.
Според обложувачниците Вил Хил, Педи Пауер и Ледброкс, веројатноста Тереза Меј да „преживее“ гласање за недоверба е 86 отсто (коефициент 1,15).
Меј треба да обезбеди мнозинство во Парламентот (158 од 315 парламентарци) за да остане на функцијата. Тајното гласање ќе биде меѓу 19 и 21 часот по средноевропско време.
Дел од британските политички коменатори напоменуваат дека некои парламентарци кои јавно дадоа поддршка за Меј, приватно ќе гласаат против неа. Британската фунта зајакна денеска откако Би-Би-Си објави дека Меј ќе преживее гласање за недоверба.