Унгарскиот Парламент денеска усвои контроверзен закон за флексибилно работно време во тензична дебата во која опозицијата се противеше со квалификации дека станува збор за „робовладетелски закон“.

Законот кој значително зголемува прекувремени часови кои работодавачите може да ги побараат, беше усвоен со 130 гласови „за“ наспроти 52 „против“ и еден воздржан.

Опозицијата цело претпладне се обидуваше да го спречи гласањето во редок пример за единство кон пратениците на конзервативците на премиерот Виктор Орбан. Партијата на Орбан има во парламентот 2/3 мнозинство.

Бројот на максимално дозволени прекувремени работни часови зголемен е со новиот закон од 250 на 400 за година што предизвика протести во државата.