Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека зашилената кула на катедралата Нотр Дам, што изгоре во пожар во април 2019 година и другите оштетени делови на познатата париска црква треба да бидат обновени во согласност со претходниот изглед на зданието, изјави извор од Елисејската палата, јави ДПА.
Претходно, Макрон посочи дека распаднатата кула од 19 век се заменува со кула во помодерен стил.
По консултациите со Националната комисија за архитектура и културно наследство, претседателот се премислил. Сега Макрон смета дека е соодветно околниот простор на Нотр Дам да биде украсен во современ стил.
Ова ќе биде направено заедно со Градското собрание во Париз.
Елисејската палата не исклучува создавање музеј посветен на реставрацијата на Нотр Дам. Огромен пожар избивна на 15 април 2019 година во катедралата Нотр Дам. Целосно уништи дрвениот покрив и 93-метарската кула.