Циклонот „Нефели“ веќе го зафати западниот дел на Грција со силен дожд и бури. Се очекува и натаму да се шири на западниот дел од Балканот, со јаки врнежи и грмотевици, но и да продолжи кон Македонија и Бугарија.
Според информациите, во низа области се очекуваат големи количества вода што може да доведе до поплави.
Според метеоролозите, најекстремно засега е во Западна, Централна и Северна Грција, како и на Јонските острови.
Моќниот циклон, како што претходно напишавме, ќе помине низ јужните делови на Италија, потоа Грција, Македонија и Бугарија.
Подобрување на времето се очекува од четврток.
Неколку минути по 20 часот силен дожд почна да врне и во Скопје, на што му претходеше затемнување на градот, како од ноќта, така и од мрачните облаци кои надвиснаа над градот.