Сите жени мислат дека знаат се за мажите. Но дали навистина е така?

Жените кои мислам дека знаат се за мажите постојано си ги повторуваат некои работи и што е уште по трагично веруваат во нив. Не е во ред , да мислиме дека се знаеме и да се труеме со лаги. Ова се трите најголеми лаги кои жените си ги кажуваат и мислат за мажите

Прва, мажите сакат само секс и ќе направат се за да го добијат. Се разбира дека мажите сакаат секс , исто како и жените, но тие сакаат и љубов, разбирање и пријателство. Тие пред се сакаат и ценат самодоверба и љубов.

Втора, мажите се плашат од обврски и брак. Мажите не се плашат од врски и обрвски. Туку тие само имаат различен пристап на врските и бракот за разлика од жените.

Трета, сите мажи сакаат помлади жени. Сите нормални мажи не ја гледаат бројката кога станува збор за возраста. Тие сакаат жени кои се стабилни, кои ги разбираат и жени кои се интелегентни со шарм и емоции. Бараат жена која ќе ги подржува во се.