Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор го обвини Пентагон за шпионирање на неговата влада, по протекување информации во американските медиуми. Тој додаде дека ќе започне со класификација на информациите од вооружените сили за да ја заштити националната безбедност.
Неговите коментари се објавени неколку дена откако „Вашингтон пост“ објави за очигледни тензии меѓу мексиканската морнарица и војската, повикувајќи се на брифинг на американската војска по протекување доверливи американски воени белешки.
„Од сега ќе ги чуваме информациите на морнарицата и Министерството за одбрана, бидејќи сме мета на шпионирање на Пентагон“, рече Обрадор.
„Вашингтон пост“ соопшти дека нема индикации дека цитираниот документ потекнува од пресретнати комуникации од мексикански официјални лица.
Обрадор нагласи дека акциите на американските разузнавачки служби се „навредлив упад што не треба да се прифати под никакви околности“, додавајќи дека не планира да ги прекорува САД, но дека во одреден момент ќе ги разгледа условите за соработка .