ОБРАЌАЊЕ НА БАЈДЕН ЗА СОСТОЈБАТА ВО АВГАНИСТАН: Американците нема да учествуваат во војна во која што Авганистанците немаат волја да се борат за себеси!

/ 16.08.2021

Нашата цел во Авганистан никогаш не била да ја градиме нацијата, туку да спречиме терористички напад на американското тло, изјави претседателот Џо Бајден во своето прво јавно обраќање откако талибанците вчера влегоа во Кабул и ја презедоа контролата врз целата земја.

Тој кажа дека цврсто стои зад својата одлука за повлекување на американската војска од Авганистан, од каде што денес илјадници луѓе очајнички се обидуваат да избегаат, стравувајќи од враќањето на бруталното и репресивно владеење на талибанците.

„Наследив договор според кој САД требаше да се повлечат од Авганистан до 1 мај. Талибанците се најсилни од 2001 година и мојот избор беше или да го почитувам тој договор или да влеземе во војна со талибанците. После 20 години научив дека не постои добро време за повлекување. Американците нема да учествуваат во војна во која што Авганистанците немаат волја да се борат за себеси. Реалноста е дека земјата потклекна побрзо од сите очекувања. Претседателот Гани не го прифати мојот совет да преговара со талибанците и ме убедуваше дека авганистанските сили ќе се борат, но очигледно не беше во право“, кажа Бајден.

Тој порача дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат Авганистанците, но не преку бесконечна војна, туку преку дипломатија, меѓународно влијание и хуманитарна помош.

„Направивме многу грешки во изминатите децении, но нема да ја пренесам одговорноста на петтиот претседател. Длабоко жалам за она што се случува сега, но не жалам за одлуката да ја завршам најдолгата војна во историјата на САД. Одлуката да го напуштиме Авганистан е исправна за Америка“, изјави Бајден.

“Го одобрив испраќањето на уште 6.000 војници во Авганистан за евакуација на Американците и нашите авганистански сојузници. Сигурно ја затворивме нашата амбасада и ги евакуиравме нашите дипломати. Во наредните денови, ќе евакуираме илјадници американски државјани од Авганистан. Веќе се евакуирани 2.000 Авганистанци и нивните семејства. Во следните денови, ќе ги повлечеме поранливите Авганистанци кои работеа за американската амбасада и нашите агенции.” Им рековме на Талибанците дека доколку не` нападнат, одговорот ќе биде насилен. Ќе го браниме својот народ со разорна сила “, рече Бајден.

“За сите оние што ги загубија најблиските во Авганистан, за сите војници кои ги оставија своите животи и екстремитети таму, ова е длабоко лично. Бев во Авганистан додека траеше војната, бев во Кандахар и други места. Поминав време со нашите војници и сфатив што е можно, а што не. Ќе продолжиме да ги поддржуваме Авганистанците преку дипломатијата, ќе продолжиме да се залагаме за човековите права на жените и девојките во Авганистан. Но, вистинскиот начин да се направи ова не е бесконечен воен конфликт, туку дипломатија, економија и повикување на светот да се приклучи “, рече Бајден.

“За оние кои сакаат да останеме, имам неколку прашања: уште колку надгробни плочи сакате на Арлингтонските воени гробишта? Уште колку од нашите синови и ќерки треба да ги испратиме таму? Ова се грешки што не смееме да ги повториме, бидејќи имаме витални интереси во светот и не смееме да ги игнорираме “, рече тој.

“Кина и Русија не би сакале ништо повеќе отколку да продолжиме да трошиме милијарди во Авганистан. Кога гостуваше авганистанскиот претседател во јуни во Белата куќа, разговаравме искрено. Разговаравме дали нивната војска е подготвена да води граѓанска војна кога ќе заминеме, дали нивната влада е подготвена да се бори против корупцијата. Тие не направија ништо од тоа. Гани ме увери дека нивната војска ќе се бори “, рече тој.

“Американците нема да загинат во војна во која Авганистанците не се подготвени да се борат. Авганистанската војска имаше 300.000 луѓе, ние им го дадовме секое оружје што можевме, им ги исплаќавме платите. Им дадовме воздушна поддршка. Ние им ја дадовме секоја шанса, но ние не можеме да им дадеме волја да се борат “, рече Бајден.


Од истата категорија