Рускиот претседател Владимир Путин денеска во обраќањето до воените команданти и министерот за одбрана рече дека „стана очигледно дека војната во Украина е неизбежна“, додавајќи дека „подобро е да се случи денес отколку утре“.
– Стана очигледно дека конфликтите со овие сили, вклучително и оние во Украина, се неизбежни. Единственото прашање беше кога тие ќе се случат. Се разбира, воените операции секогаш се поврзани со трагедија и човечки загуби… Го разбираме тоа многу добро, ние сме свесни за тоа.
Но, имајќи предвид дека тоа беше неизбежно, подобро денес отколку утре, рече Путин.
Тој додаде дека „трагедиите во Украина не се вина на Русија“, а човечките загуби во Украина ги нарече „едноставна трагедија“, и додаде дека Украинците сè уште ги гледа како „братски народ“.
Путин рече дека „непријателите на Русија сакаат распад на нашата земја“.