Турција подготвува образовна реформа според која бројот на предметите од идната учебна година можно е да биде намален за половина. Тоа го соопшти министерот за образовение Зија Селчук.
– Во март ќе биде објавена програмата за бројот на предметите што ќе бидат предавани. Исполнувањето на таа програма ќе почне од следната година. Може да има намалување за половина на бројот на предметите, изјави Селчук.
Според него, невозможно е децата да имаат по 15-16 предмети и да се очекува од нив да разберат се, да се фокусираат и да запомнат се.
– Бројот на предмети што ќе се изучува ќе биде намален, изјави тој
Одлуката кои предмети ќе отпаднат ќе биде донесена по предвид на интересите на децата и на економските потреби на државата.