Француската агенција за заштита на лични податоци ја осуди голема американска интернет компанија Гугл на рекордна казна од 50 милиони евра поради пропусти во заштитата на личните податоци на своите корисници.

Државнат агенција за информатика и слободи (CNIL), францускиот „полициски службеник” за лични информации, е првото европско регулаторно тело што санкционира голема меѓународна интернет-платформа врз основа на новиот европски Закон за заштита на податоци (GDPR) што стапи на сила на 25 мај.

Овој нов текст овозможува да се наметне казна од 4 проценти од годишниот промет на светско ниво заради непочитување на обврската за заштита на личните податоци на европските граѓани.

– Не порекнуваме дека Гугл известува корисник кој отвора налог за начинот на кој ќе се користат неговите податоци…Но, таа информација не е лесно достапна и е ставена во неколку документи, кои корисникот на интернет никогаш нема време да ги чита, вели Матијас Мулин директор за заштита на правата и за санкции во Агенцијата.