Главниот командант на ирански воздухопловни сили, Азиз Насирзаде, изјави дека неговите потчинети се „нестрпливи и подготвени” да влезат во битка со Израел за да ја уништат еврејската држава.

Тој зборуваше само неколку часа откако израелски воени авиони извршија воздушни напади врз неколку ирански воени цели во Сирија.

Според новинарски сајт на Иранската државна телевизија генералот изјави дека „младата генерација (на иранските воздухопловни сили) е нетрпелива и подготвена да се бори против ционистичкиот режим за да го избрише од лицето на Земјата”.

Насирзаде тоа го изјавил за време на посетата на Академијата на воздухопловните сили откако рано изутрина израелските воени авиони извршија напади врз наводно, ирански цели во Сирија.