Изборните набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска ги поздравија претседателските избори во Украина и ги оценија како компетитивни и слободни.
Набљудувачката мисија на ОБСЕ во соопштение наведува дека гласачите имале „широк избор“ на гласачките места и дека кандидатите можеле „слободно да ја спроведат предизборната кампања“.
ОБСЕ набљудувачите го оценија како позитивен изборниот ден и очекуваат така да биде и во претстојниот втор круг од изборите.
Прелиминарните резултати покажуват дека комичарот Володимир Зеленскиј победи во првиот круг со повеќе од 30 отсто од освоените гласови, додека актуелниот претседател Петро Порошенко заостанува зад него. Се очекува двајцата да се соочат во вториот круг од изборите, на 21 април.