Парламентарното собрание на ОБСЕ ќе распореди речиси 50 набљудувачи, вклучувајќи и 31 пратеник во земјава следната недела за претседателските избори на 21 април.
Претседавачот на ОБСЕ го назначи францускиот парламентарец Серејн Мауборн за специјален координатор кој ќе ја води краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ. Австрискиот парламентарец Реинхолд Лопатка, пак, ќе ја предводи делегацијата на набљудувачи од Парламентарното собрание на ОБСЕ.
-Овие избори претставуваат можност за гласачите да дадат насоки за она што го гледаат како идни и долгорочни цели на Северна Македонија. Се надевам дека ќе набљудувам конкурентни избори и конструктивна кампања, согласно меѓународните стандарди, рече Мауборн.
Според Лопатка, Северна Македонија има можност со овие избори да демонстрира јасна посветеност на демократските процеси.
-Очекувам властите и изборните кандидати да ја искористат оваа можност и да обезбедат добро спроведени избори кои ги исполнуваат меѓународните очекувања, напомена Лопатка.