Обвинителството на Словачка соопшти дека поранешниот војник Мирослав Марчек е убиецот на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница, јави Словачкото радио.

Марчек признал дека го извршил делото при распит во Националната агенција за борба со криминал. Обвинителството се надева дека тој ќе биде изведен пред суд до крајот на годинава.

За убиството на Куцијак беа обвинети пет луѓе меѓу кои и осомничениот убиец, нарачателот и посредник. Во притвор се четворица од нив кои се обвинети и за подготовка на уште три убиства – на адвокат и двајца обвинители.