Десната рака на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади е убиен за време на операција на ирачката разузнавачка служба во покраината Анбар.

Во соопштение на ирачкото Министерство за одбрана се наведува дека е убиен воениот лидер во ирачкиот град Хит.

Во операцијата елиминирани се и синовите на соработникот на ал Багдади, кои исто така биле членови на ИД и учествувале во голем број терористички напади.